Шампионот на НБА лигата, Голден Стејт ја забележа деветтата победа на исто толку одиграни натпревари од стартот на сезоната. „Вориорс“ по триумфот на гостувањето кај Мемфис, го имаат најдобриот почеток во последните 55 години, а ист таков ефект имаа сезоната 1960/61.нбаа

Резултати на 11 натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска:

Шарлот – Њујорк 95:93,
Орландо – ЛА Лејкерс 101:99,
Филаделфија – Торонто 103:119,
Бостон – Индијана 91:102,
Атланта – Њу Орлеанс 106:98,
Далас – ЛА Клиперс 118:108,
Хјустон – Бруклин 98:106,
Мемфис – Голден Стејт 84:100,
Денвер – Милвоки 103:102,
Сакраменто – Детроит 101:92,
Портланд – Сан Антонио 101:113.

Пласман Источна конференција: Кливленд 7-1 (победи-порази), Атланта 8-2, Торонто 6-3, Детроит 5-3, Чикаго 5-3, Мајами 5-3, Индијана 5-4,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 9-0, Сан Антонио 6-2, ЛА Клиперс 5-3, Оклахома Сити 5-3, Минесота 4-3, Јута 4-3, Хјустон 4-4, далас 4-4, Денвер 4-4,…

Вечер на програмата се три натпревари./МИА

Слични содржини