Во амфитеатарот на  Институтот за филм – Филмска академија Охрид вечер, во 19 часот, ќе се одржи првата јавна проекција на филм. Во присуство на режисерот Иво Трајков и продуцентот Роберт Јазаџиски ќе се прикаже филмот „Медена ноќ“, македонски кандидат за номинација за „Оскар“.medena-nok

Проекцијата е отворена и бесплатна за сите љубители на филмот.

Согласно планот и програмата на Институтот, вакви проекции во иднина се планираат секоја среда до крајот на академската година.

По премиерата на Скопскиот филмски фестивал и презентацијата на филмските маркети во Берлин и Кан, „Медена ноќ“ деновиве се прикажува на три меѓународни филмски фестивали – во Германија, Холандија и Грција.

Исто така, на почетокот на ноември, преку „European film promotion“ се претстави на американскиот филмски маркет во Лос Анџелес како македонски кандидат за оскар. Во октомври филмот беше прикажан и во Виена, на фестивалот Let’s CEE Film Festival – Vienna.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Националниот фонд за кинематографија на Република Чешка и претставува копродукција помеѓу Македонија (Кавал Филм), Чешка (i/o post и Soundsquare од Прага) и Словенија (Aatalanta, Љубљана), со учество на Македонската радио телевизија и Радио телевизија Словенија.

Слични содржини