Проф. Вдовински: Голема е веројатноста поплавата да довела до стрес на земјината кора

од Vladimir Zorba

timthumb

Професорот Шимон Вдовински од Универзитетот Мајами во Флорида за порталот енаука.мк  дава неколку стручни објаснувања за поврзаноста меѓу поплавите во 1962-ра и катастрофалниот земјотрес следната година.

„Да, во секој случај тоа е интересна обсервација, мојата теорија за тоа дека поројните дождови може да бидат причина за земјотреси се однесува само на планинските региони на конвергенција на тектонски средини, каде две тектонски плочи се судираат. Македонија се наоѓа баш во таква средина на конвергенција и како што можам да забележам епицентарот се наоѓа во релативно планинско подрачје. Затоа е многу голема веројатноста да поплавата и ерозијата може да довеле до стрес во земјината кора предизвикувајќи катастрофален земјотрес“ вели Вдовински.

За повторување на катастрофален земјотрес како тој во 1963-та година никој не може да потврди, но Вдовински како и многу други експерти смета дека може да се случи силен земјотрес за стотина години. Тоа што најмногу денес ги интересира граѓаните е состојбата на трусното земјиште под Скопје.

„Самото подрачје е такво и е дел од еден сложен систем на сегменти, можно е да постојат сегменти со слични аномалии и неправилности кои можат да се возбудат под дејство на стрес затоа потресите што сега ги чувствувате можно е да се дел од тој ист систем“ оценува проф. Вдовински за енаука.

Слични содржини