Американската приватна разузнавачка-аналитичка компанија Strategic Forecasting (Stratfor) во својот прогноза ги изложи можните внатрешни и надворешни последици од терористичките напади во Париз.Терористичните акти во Париз се шокантни, но заедно со тоа не се сосема неочекуван настан – многумина жители на Франција и другите европски жители се упатуваат за Сирија за да се пополнат редовите на екстремистите, наведуваат аналитичарите од центарот.

20151114.gawxbvfpod

Нападите на редакцијата на списанието “Шарл Ебдо” покажаа дека постои постојана закана од терористички напади внатре во Европа и сега е важно да се утврдат изворите на терористичките акти: дали тие се “домашни” или напаѓачите се обучувани и добиваат помош од странство.

“Приливот на бегалци во Европа од земји како Сирија ја зголемуваат веројатноста од пенетрација на претставници на џихадистички групи со цел организирање на терористички акти на територијата на Европа” – пишува Stratfor.

Несомнено париските терористички акти ќе имаат и политички последици, додаваат аналитичарите. По 5 дена единствениот француски носач на авиони “Шарл де Гол” треба да тргне кон Персискиот залив за борба со ИД во Ирак и Сирија. Уште од септември таму француската борбена авијација врши воздухопловни напади.

Во последниве месеци целото внимание кон проблемот со бегалците беше фокусирано кон соседна Германија. Париз не заземал особено учество во решавањето на миграциската криза и како целина ја поддржувал идејата на Германија за распределба на бегалците низ цела Европа.

Сега може да се очекува дека настаните во француската престолнина ќе ги зајакнат позициите на оние кои повикуваат за запирање на протокот на мигранти и затворање на границите во земји како Германија и Шведска, а исто така и во големи делови во Централна и Источна Европа.

Веројатно е зголемувањето на рејтингот на Мари Ле Пен и на нејзиниот ултрадесен “Национален фронт”. На почетокот на годината за кратко се крена и рејтингот на претседателот Франсоа Оланд во врска со неговата реакција на настаните, но сега тоа не треба да се чека да се повтори – за граѓаните на земјата актуелно станува прашањето дали проработеа прифатените оваа година антитерористички мерки, смета Stratfor.

Слични содржини