По разделувањето многу луѓе мислат дека болката никогаш нема да исчезне, но научниците докажаа дека сме програмирани да наоѓаме нова љубов.couple-in-city

Специјалистите ја открија светлината во тунелот, тврдејќи дека луѓето всушност секогаш го пребродуваат скршеното срце и порано или подоцна и наоѓаат партнер.

Според истражувањето мажите и жените нема како да не започнат нови романтични односи.Научниците го истражувале процесот на љубов и поделба и откриле механизам во нашиот мозок, дизајниран врз основа на природната селекција кој секогаш нè вади од турбулентните периоди на нашите животи. “Ова докажува дека луѓето се создадени за да се обновуваат, а болката навистина одминува со времето”, објасни д-р Брајан Боутел од Универзитетот во Сент Луис.

Истражувањето покажува дека двата пола би ја прекинале врската од различни причини.Пример еден маж е поверојатно да се раздели со партнерката, ако таа го изневери сексуално. За разлика од посилниот пол, жените почесто простуваат неверство.

Слични содржини