Произведена прва чоколада против менструални болки

од desk3

Милиони жени ширум светот ќе бидат воодушевени од новата чоколада, специјално наменета за понежниот пол, која ги намалува менструалните болки.

aid1508343-728px-make-cramps-go-away-step-9

Инаку, чоколадата ја измисли маж. Станува збор за Швајцарецот Марк Вилмер.

Тој ја произвел чоколадата „Фрауенмонд“, која содржи 17 различни швајцарски планински билки, кои во комбинација со какаото го подобруваат расположението и смируваат.

Чоколадата содржи 60 отсто какао, а токму високот ниво на магнезиум во неа го опушта телото и спречува грчеви и овозможува лачење на серотонин, хормонот на среќата.

Вилмен на оваа чоколада работел три години, а за сега таа може да се купи единствено во Швајцарија./MИА

Слични содржини