Турската прокурдска Народна демократска партија (HDP) денеска најави дека е отворена за преговори на сите варијанти за формирање на коалициска влада, освен со владејачката Партија на правдата и развојот (AKP), соопштува “Ројтерс”. Партијата додава дека претседателот Реџеп Ердоган треба да се придржува кон утврдените уставни овластувања на институцијата.

zx450y250_2549546

HDP беше прогласена за “големиот победник” на парламентарните избори, кои се одржаа во неделата. Прокурдската партија ја прескокна 10процентната бариера, што и овозможува да влезе за прв пат во парламентот, и да го анулира мнозинството од AKP на Ердоган што таа го имаше повеќе од една деценија.

Како резултат на тоа AKP во моментов бара коалициски партнер и може да и се наметне и да управува со владата на малцинството. Ако и двете варијанти се покажат невозможни, Турција може да одржи и предвремени избори.

“Предвремените избори нема да помогнат. Сметаме дека Турција треба да формира коалиција”, изјави заменик-лидерот на HDP Селахатин Демиртас за новинарите во Анкара и додаде дека неговата партија е подготвена на коалиции со сите други партии, освен AKP.

Демиртас рече исто така дека лидерот на Курдксата работничка партија (PKK) Абдула Оџалан, кој во моментов е во затвор е подготвен да повика кон разоружување, а мировниот процес со нелегалната организација треба да се забрза.

HDP го посети Оџалан во затвор на островот Имрали, како дел од мировниот процес, започнат од Ердоган. Партијата ги освои речиси сите места во населениот со Курди југоисточен дел на земјата и најави дека во наредните денови повторно ќе го посети лидерот на PKK.

“Ја разбираме обврска да продолжиме со мировниот процес и сакаме да направиме повеќе, изјави Демирташ.

Премиерот Ахмет Давутоглу од своја страна најави дека на Турција не и се прави добро при коалициски влади, но AKP е отворена кон сите можни предлози. “Имавме коалиции во 70-тите и 90-тите години, тие се пример за тоа дека коалициите не се погодни за Турција и ние стоиме зад оваа позиција”, рече Давутоглу по средбата со претставници на партијата во Анкара. “Сепак сме отворени кон сите сценарија кои произлегуваат од овој развој на настаните”, додаде тој.

Во телевизиското интервју доцна синоќа премиерот рече дека пред да се разгледаат првичните избори ќе бидат исцрпени сите други можности, а Ердоган кој по устав нема право да учествува во партиската политика, нема да се вклучи директно во процесот на обликување на коалиција.

Слични содржини