Храната е исклучително важен дел од нашите животи. Правилната исхрана изгледа како “невозможна” мисија во напнатото секојдневие. Освен тоа настапуваат и потоплите пролетни и летни месеци, во кои секој копнее по посакуваното оформено тело.37637d4ff95a8a3697c5926ca0d69dd6

Не треба да го игнорираме и пролетниот замор, која ја пие виталноста на организмот. Како да се зацврстиме и да се чувствуваме подобро, раскажуваат од најголемата меѓународна платформа за нарачка на храна foodpanda.

Еве ги 10-те предлози за пролетни суперхрани, коишто го држат умот и телото во кондиција.

1. Ореви – одлична храна за мозокот и подоброто расположение. Аминокиселината “триптофан” во нив ја осигурува добрата состојба на телото и намалувањето на стресот. Покрај сето останато, тие се апсорбираат бавно од организмот и во умерени количини придонесуваат за добрата физичка состојба на телото.

2. Свеж лук – тајната на производот се нарекува алицин. Токму оваа состојка може да нè заштити од прејадување, стимулирање ситост во мозокот. Лукот е совршен како додаток на секаков тип зелени салати.

3. Спанаќ – богат со железо, многу погоден за консумирање особено од вегетаријанци кои не можат да набават железо за организмот од месо. Спанаќот помага на митохондриите во организмот да работат подобро, да ослободат повеќе кислород и на тој начин да се чувствуваме цврсто.

4. Артишок – ако чувствувате замор дури и од најлесните физички оптоварувања, можеби имате потреба да земате повеќе магнезиум. Артишокот е одличен извор на овој микроелемент.

5. Лосос – изворот на омега-3 масни киселини. Ја помага хидратацијата во нашиот организам и затоа се одразува на целокупниот изглед на нашето тело.

6. Јагоди – освен што се исклучително вкусни, тие се и многу корисни. Имаат висока содржина на витамин Ц и се природен антиоксиданс, кој го прочистува организмот од неповолните природни фактори.

7. Јајца – природниот производ кој помага за подобра меморија.

8. Боровинки – ако јадете од вкусните овошја секој ден, резултатите нема да задоцнат.Тајната состојка е одреден вид антиоксиданс кој ја помага меморијата.

9. Грејпфрут – свежо исцеден сок од плодот е енергетската бомба, од која има потреба организмот секојдневно, особено во првите денови на пролетта.

10. Зеленчук – сезонскиот зеленчук е природен дар од природата, богат со аминокиселини и витамини важни за правилното функционирање на организмот.

Слични содржини