Промена за најновиот спортски БМВ

од Vladimir Zorba

Компаниите BMW и Toyota изјавија пред време дека почнуваат заеднички развој на спортски модел кој од страна на баварците ќе биде наследник на Z4. Првично се претпоставуваше дека новиот баварски спортски автомобил најверојатно ќе се појави со индекс Z5, а од страна на Toyota би требало да е следната Supra.

Сега сепак се појави нова информација, според која баварците се откажуваат од моделот со ознака Z5. Не е исклучено новата кола во “баварскиот костум” повторно да биде обележан како Z4.

За тоа посочи шефот на американската филијала на БМВ, Лудвиг Вили.

„Ние навистина развиваме нов спортски автомобил, но тој нема да се вика Z5. Најверојатно ќе биде именуван повторно Z4, но тоа природно не значи и таков број на цилиндрите “, се пошегува Вили.

Топ менаџерот не ја исклучи можноста новата спортска кола да биде опремена со хибриден моќен тракт, но ја исклучи можноста автомобилот да е со 4х4 систем.

Слични содржини