Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за слаб дожд,  на планините слаб снег.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

dozd-vo-dekemvri-1

Променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 9 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 87 Маврови Анови, 35 Ѓуриште, 30 Пожаране, 25 Крушево, 24 Лазарополе, 22 Пожар, 2 К. Паланка.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2): 1 К. Паланка, на другите места врнежите беа помалку од 1 л/м2.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-6 Лазарополе, -4 Маврово, Крушево, -3 К. Паланка, -2 Берово, Претор, -1 Охрид, Виница, Дебар, 0 Штип, Д. Капија, Прилеп, Струмица, 1 Скопје – Петровец, Куманово, 2 Скопје – З. Рид, Битола, 3 Кавадарци, 4 Гевгелија и Дојран

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен, но слаб локален дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови.

Во недела и во почетокот на работната седмица времето ќе биде стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

 

Слични содржини