Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од претежно од северен правец.  Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

 IMG_4432_obd

Во Скопје: Променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 11 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  83 Маврови Анови, 27 Ѓуриште, 24 Лазарополе, 23 Крушево,  20 Пожаране,17 Пожар.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:-6 Маврово, -5 Лазарополе, -4 Крушево, -2 Битола, Прилеп, Претор, 0 Берово, К. Паланка, Дебар и Тетово, 1 Охрид, 2 Скопје – З. Рид, Виница, Куманово, Штип, 3 Д. Капија, Струмица, 5 Дојран,  6 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

 Ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди,  но локално ќе има сеуште услови за краткотрен слаб дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови.

Температурата ќе биде во постепен благ пораст.

Слични содржини