Промоција на книгата „Ар ју шизоид“ од Кирчо Арсовски

од Vladimir Zorba

На 26 април (среда), во кафе барот „Агора“ во Куманово, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата цртежи „Ар ју шизоид“ од Кирчо Арсовски, која неодамна ја објави издавачката куќа Темплум од Скопје.

Кирчо Арсовски е култна фигура на македонската независна културна сцена. Најмногу е познат како музичар (предводник на групата „Трачери“), но создавал стрипови и филмови, пишувал драми и колумни…
Последниве неколку години Арсовски френетично црта. Под неговите шарени моливи веќе излегоа неколку илјади цртежи. Во книгата е претставен мал дел од тој опус, околу 250 цртежи во боја од 2016 година. За книгата ќе зборуваат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.
Секој купувач на книгата, која ќе се продава по цена од 600 денари, како подарок ќе добие еден беџ и еден испечатен цртеж, по сопствен избор.

Слични содржини