Промоција на „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов

од Vladimir Zorba

 

Книгата „Македонска национална програма“ од Стефан Влахов Мицов денеска ќе биде промовирана во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“, во Паркот на книгите.133456512

За најновото издание на „Матица македонска“ ќе зборуваат Драгица Поповска и  публицистот и дипломат Ристо Никовски.

Влахов-Мицов (1956) е автор на научно-истражувачки опус, а негови најзначајни дела се: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Држава како се гради и брани“, „Балканска психологија – државници и марионети“, „Творечки дострели во македонски дух“ и „Филозофија на балкансиот пекол“.

Слични содржини