Промовиран романот „Разголена душа” од Марта Димитров во Кавадарци

од Vladimir Zorba

   Романот „Разголена душа” од младата писателка Марта Димитров синоќа беше промовирана во библиотеката „Феткин” во Кавадарци.

Преку приказната за 22-годишната Клара која сака да стане писателка, авторка Димитров се обидува да ги пренесе своите гледишта за љубовта и животот.

– Целта да ја напишам оваа книга и со таква содржина, е да им ги пренесам на читателите моите идеи и ставови за љубовта и животот воопшто, спакувани преку приказната за 22-годишната Клара, која има куп прашалници во главата. Животни, но и љубовни, а има сон, да издаде книга. Верба во остварувањето на соништата, истрајност на патот кон целите, рече авторката Димитров на промоцијата.

Според неа, романот не може да се окарактеризира само како љубовен, а исто мислење имаат и оние што го прочитале делото.

Ова е прв роман на Димитров на мајчин македонски јазик којшто го пишувала три години. Претходно има напишано еден роман и збирка на стихови на англиски јазик.

Делото е издание на „Ѓурѓа” и е дел од едицијата „Поддршка за десет млади автори”, по повод 30-годишнината од постоењето на издавачката куќа.

Слични содржини