Пронајден пиштолот украден во клиничкиот центар

од desk2

Полицијата соопшти дека бил пронајде пиштолот што вчера беше даден во полицискиот билтен, откако еден човек пријавил дека непознат сторител му го зел пиштолот додека чедал во ходникот на болнички објект.

Во врска со настан „тешка кражба“ даден во билтен од 10/11.12.2017 година, во која бил одземен пиштол „Глок 17 “ калибар 9 мм, сопственост на Х.И. (31), во понеделникот пиштолот бил пронајден во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Инаку, пиштолот бил одземен во неделата во 15 часот во комплексот „Мајка Тереза“ од страна на непознат сторител.

Додека пријавителот седел во ходникот од болнички објект, сторителот му ја земал чантата во која бил пиштолот, по што побегнал од местото.

Слични содржини