Пронајдени 35 мигранти во штала во село Лојане

од Vladimir Zorba

tetovo-policija-jpg

Триесет и пет мигранти синоќа се пронајдени при претрес во дом и други простории кај лицето Ќ.А.(46) од село Лојане, соопшти полицијата, додавајќи дека мигрантите биле скриени во штала.

За време на претресот сопственикот не бил присутен, а во домот бил затекнат неговиот син Р.А.(18).

Освен мигрантите, како што соопшти МВР; во шталата биле пронајдени и лишени од слобода и О.К.(25) и М.Д.(40) од Авганистан, С.С.(33), Н.А.(18), А.А.(19) и А.М.(20) сите од Пакистан. За нив постојан сомненија дека противправно ги држеле Л.М. од Сирија со нејзините четири малолетни деца и Х.У. исто така од Сирија со неговите две малолетни деца.

Полицијата го лишила од слободат Р.А., додека по неговиот татко се трага. За двајцата постои основано сомнение дека се сторител на кривично дело „криумчарење мигранти“, поради што против нив ќе биде поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Во СВР Куманово се приведени и странските државјани за кои исто така постои основи на сомнение за сторено „криумчарење на мигранти“ и против нив исто така ќе биде поднесена кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал поради постоење./Meта

Слични содржини