Пронајдено украденото најскапо шише вотка

од desk2

 

Украденото шише вотка, за кое се наведува дека е најскапо на светот и кое беше украдено од ресторан во Копенхаген порано оваа недела, пронајдено е празно на едно градилиште во данската престолнина соопшти полицијата.

„Не знам што се случило со вотката, но шишето беше празно“, рече портпаролот на Ријад Туб.

Шишето, чија вредност е проценета на 1,3 милиони долари, сочинето е од три килограми злато и исто толку сребро, со затворач во вид на руски царски орел опсипан со дијаманти.

Полицијата соопшти дека шишето е неоштетено, иако и понатаму се прават испитувања.

На снимките од безбедносните камери се гледа маскиран човек, кој ноќта понеделник кон вторник го изнесува шишето од „Кафе 33“ шишето „Русо – Балтик“.

Вотката „Русо – Балтик“ ја прави истоимениот производител на луксузни автомобили.

Сопственикот на ресторанот Брајан Ингберг вели дека шишето и понатаму е скапоцено иако има незначителни оштетувања.

Вели дека шишето кое се појави во американската серија „House of Cards“, му го позајмил руски бизнисмен и дека не е осигурано.

Данската полиција води истрага, но без детали во јавноста.

Слични содржини