Пропадна камион на Плоштад подготвувајќи го пречекот на Вардарци

од Vladimir Zorba

Камион кој се користеше за украсување на Плоштадот Македонија за свечениот пречек на ракометарите на Вардар за освоената шампионска титула во ракометната Лига на шампиони, пропадна во фонтаната.

Ракометарите пред малку слетаа на аеродромот „Александар Велики“ каде беа дочекани од огромен број навивачи.

Според агендата за свечениот пречек, откако ќе се качат на свечениот двокатен автобус, кој го организира град Скопје, тие на плоштад треба да пристигнат во 13 часот.

Слични содржини