Проработе вулканот Агунг на Бали, евакуирани 50.000 лица

од desk2

Речиси 50.000 луѓе се евакуирани од околината на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали, затоа што во секој момент може да се случи ерупција.


Портпаролот на службата за интервенции во случај на катастрофа, рече дека денеска луѓето се скриле на крајната точка на сотровот, а дека некои преминале на соседниот остров Ломбок.

Степенот на тревога поради можната ерупција е подигнат на највиско ниво поради драматичното зголемување на сеизмичката активност, пренесе АП.

Последната ерупција на Агунг се случила 1963 година, кога загинале 1.100 луѓе.

Слични содржини