Проруските бунтовници продолжуваат со нападите против војници на Киев крај пристанишниот град Мариупол во главно русконаселената Југоисточна Украина. Ова е уште еден пат, во кој примирјето од Минск беше повредено во последните денови..

0762510001424204888_458527_600x458_actualno

“Украински позиции продолжуваат да бидат напаѓани и не би можело да има разговори за симнување на оружјето”, напиша во својата страница на Facebook воениот портпарол на Киев Владислав Селезнов.

Тензиите во источниот дел на Украина се зголемија и откако во неделата беше подметната бомба во источниот град Харков, каде што обично не се одржуваат борби. Како последица на нападот три лица загинаа.

По тековните судири во земјата Западот предупреди дека не е исклучено да бидат наметнати нови санкции против Русија, доколку тие не бидат прекинати. Сеуште не е исполнет и друг од клучните услови за мировниот договор од Минск, имено да биде повлечено тешкото вооружување од фронтот.

Во моментов не е јасно дали бунтовниците почнаа со повлекувањето на оружјето. Во некои свои пораки, тие велат дека дел од нив веќе се повлечени, додека во други тоа се предвидува да започне во вторник.

Слични содржини