Просечната месечна нето-плата изнесува 23.457 денари

од desk2

Просечната месечна исплатена нето-плата  во декември 2016 изнесувала 23.457 денари, а бруто-платата 34. 374 денари, објави Државниот завод за статистика.

Платата во декември 2016 година во однос на истиот месец во 2015 година е зголемена за 3,3 проценти.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (55,8 проценти), информации и комуникации (9,6 проценти) и градежништво (7,7 проценти).

Во декември 2016 година, 1,6 отсто од вработените во Македонија не примиле плата./Мета

Слични содржини