1567443729579361ce6418d717979367_w640

Планетарно познатиот виолинист Дејвид Гарет доби тужба од својата поранешна девојка, порно-ѕвездата Ешли Јудан, која од него бара 12 милиони долари заради физичко и психичко насилство во текот на нивната врска.

Порно-актерката (28), попозната како Кендал Карсон, тврди дека врската со 35-годишниот виолинист ја започнала откако во 2014 година тој ѝ платил за сексуален однос.

Врската, сепак, не била онаква на каква што таа се надевала. Кендал тврди дека Гарет за Божиќ се обидел да изнајми проститутка која би ја држел во кафез, а Ешли ја принудувал да ја пие неговата урина.

Освен тоа, тој одржувал сексуални врски со транссексуалци, консумирал кокаин и ѝ скршил ребро во текот на сексот, тврди порно-ѕвездата.

Во исто време ја претставувал како своја свршеница, живееле во неговиот стан на Менхетн, а ѝ плаќал 10.000 долари месечно за школарина во надеж дека ќе се откаже од порно-кариерата.

Од друга страна, славниот виолинист овие наводи остро ги демантира, наведувајќи дека порно-актерката го уценува за да не им ја открие вистината за него на таблоидите.

– Со месеци од него извлекуваше илјадници долари тврдејќи дека го сака, а кога раскинаа си го покажа вистинското лице – тврдат неговите адвокати.

 

Слични содржини