Проститутките во Амстердам си отворија сами бордел

од desk3

Во обидите на градските власти да им овозможат на проститутките да отворат свој бордел како би ги подобриле условите на својата работа,  во Амстердам е отворен т.н.  “градски бордел”.

Како што пренесува Guardian, во иницијативата која ја започнало Градското собрание, отворени се 14 “излози ” кои се наоѓаат во познатиот  Red Light District.

Во него ќе бидат запослени околу 40 сексуални работнички.

Од 2000. година проституцијата во Холандија е легална. Сопственците на фирмите од оваа гранка на бизнисот мораат да добијат дозвола за работа и да ги почитуваат градските правила.

Бидејќи професијата е легална, тие на државата и плаќаат и данок.

Слични содржини