Денес на пладне по локално време е најавен протест и пред Македонската амбасада во Вашингтон.

protest

„Ве повикуваме на мирен протест пред Амбасадата на Р.М. во Вашингтон, САД оваа недела 17ти Април 2016. Овој протест е знак на поддршка за нашите сограѓани кои се борат за слободата, правдата, и демократијата во Македонија. Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор! Остануваме Македонци, без загради, наставки, преставки, додатоци!” Се гледаме недела во 12ч пред амбасада!“- пишува во повикот објавен на Фејсбук.

Слични содржини