Активисти на Граѓанското движење „Протестирам“ попладнево одржаа мирен собир и марш низ улиците на Охрид. Собирот го започнаа на плоштадот „Македонија“, по што продефилираа низ Охридската чаршија се до Градскиот плоштад, а маршот низ центарот на градот го заокружија пред зградата на Основиот суд.13077144_10208897394213862_44629250_n

Притоа тие ги повторија своите веќе познати барања поради кои го организираа и овој собир.

– И Охрид се приклучува кон протестите каде наша главна цел е исполнување на барањата што ги поставија самите граѓани. Главните барања се повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Иванов и одложување на изборите, рече Вероника Стефаноска, активист на „Протестирам“.13023746_10208897394053858_423281112_n

Иако беше најавено дека активистите на „Протестирам“ после собирот од кај Чинарот ќе се упатат и кон општинската зграда, тие се откажаа од таквата намера за да се избегне контакт со активистите на ГДОМ, па својот протестен марш го пренасочија кон Градскиот плоштад и кон зградата на Општинскиот суд.

Полицијата благовремено постави физички препреки на повеќе улици во центарот на Охрид, за да се превенираат несакани ситуации или блиски средби меѓу припадници на двата табори

Слични содржини