Протест на дел од гимназијалците во Тетово за немањето организиран бесплатен превоз

од desk3

Дел од учениците од втора година во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што ја следат наставата на албански јазик и што живеат во околните места околу градот со протест пред зградата на општина Тетово го искажаа своето незадоволство од немањето организиран и бесплатен превоз од нивните места до училиштето.

7-9-gimnazija-tetovo

Учениците велат дека самите плаќаат за превоз со такси комбиња, но и оти дел од нивните соученици не можат самите да го платат превозот.

И по три недели од почетокот на учебната година средношколците немаат организиран превоз затоа што општина Тетово го поништила тендерот за превозниците објавен во август годинава. Според информациите од општината тендерот бил поништен затоа што сите превозници имале понудено повисоки цени за превоз  од парите што за оваа намена биле  одобрени на локалната самоуправа од Министерството за образование и наука. За ваквата одлука превозниците поднеле жалба до државната комисија за јавни набавка и се додека не добијат одговор не може да се преземат никакви мерки околу превозот на учениците посочија од општина Тетово./МИА

Слични содржини