kavardci-0-1-640x437
Граѓанската иницијатива „Протестирам“ поддржана од невладини организации и опозициски партии, вечерва одржа протест во Куманово, на кој уште еднаш беа повторени барањата за повлекување на одлуките за аблоција и за избори на 5 јуни и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Протестот под полициско обезбедување започна пред Основниот суд, по што поворката се упати кон улицата „11 Октомври“, каде што демонстрантите фрлаа боја на асфалтот и испишаа пораки на улицата “Нема правда, нема мир“.

Поворката потоа поминаа покрај болницата, се упати кон булеварот “Трета МУБ“ и улицата “Гоце Делчев“. Протестот мирно заврши на улицата „11 Октомври“ каде што е лоциран Основниот суд.

Слични содржини