Протест на македонските работници ангажирани на автопатот Охрид – Кичево

од desk2

Група од 144 работници од Македонија ангажирани од фирма­подизведувач за извршување градежни работи на автопатот Охрид­Кичево денеска протестираа поради, како што рекоа, низа неправилности кон нив како доцнење во исплатата на личните доходи и непридржување на работодавците кон потпишаните договорите за работа, јави телевизија Телма.


­ Веќе доцни исплатата на платите за речиси два месеца. Честопати работодавецот ни закинува по 50, сто евра од договорените плати, без какво било образложение, без да ги знаеме причините за тоа, дали има некои грешки во нашето работење, рече Адем Мисоски од Струга.

Работниците се пожалија дека воопшто не знаат каде да се обратат за своите проблеми, забележувајќи дека никој не води грижа за нивна заштита согласно одредбите на потпишаните договорите.

Тие велат дека прво им било ветено дека на 16 јуни ќе им бидат исплатени задоцнетите плати, потоа на 21, за последниот рок да им е посочен 23 овој месец.

Тие најавија дека ќе продолжат со штрајкот се додека не им бидат исплатени сите заостанати приходи, притоа барајќи од СВр – Охрид да им обезбеди услови за штрајк со блокирање на сообрачајот на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

Слични содржини