Протест на работниците од нафтената рафинерија во Фиер

од Vladimir Zorba

Еден работник во нафтена рафинерија во албанскиот град Фиер се закани дека ќе изврши самоубиство ако на него и на неговите колеги не им бидат дадени четирите неисплатени плати.

59-годишниот Агим Мурдини утрово протестирал заедно со уште 150 други работници кога земал шише наполнето со бензин и се качил на оџак на висина од 40 метри. Тој стоел таму три часа додека се одвивале преговорите со претставници од фирмата „ИРТЦ“ кои претходно ветиле дека ќе ги исплатат платите.

Работниците протестирале и претходните денови, но не добиле одговор од надлежните.

По преговорите кои траеја три часа, Мурдини се согласил да се симне откако му било ветено дека ќе му бидат исплатени четирите заостанати плати./Мета

Слични содржини