Протест на Шарената револуција

од Vladimir Zorba

6f751233-ae22-4446-9654-767e8a28f5f9_w987_r1_s-1

Шарената револуција за денеска пред Основниот суд Скопје 1 најави протест за поддршка на нејзиниот активист Павле Богоевски. Основното јавно обвинителство го товари Богоевски за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години. Павле Богоевски во неделата на Конгресот на СДСМ повика на заеднички фронт на партиите со непартиските граѓани на изборите на 11 декември.

Инаку, Демократскиот сојуз му дава поддршка на протестот на Шарената револуција кој ќе се одржи утре во 10: 40 часот пред Кривичниот суд во Скопје.

-Цивилизациско право е да се протестира и да се искаже став и незадоволство од одредени состојби или одлуки и заради учество во ненасилни протести никој не сме да биде суден и осуден – стои во соопштението од партијата на Павле Трајанов.

 

Слични содржини