Протест на жителите на населба Бутел

од desk2

Станари на пет згради кои што се наоѓаат на улица „Босна и Херцеговина“ изразија револт поради, како што велат, одземање на имотот за кој што плаќале при купување на становите.

Велат дека нема да дозволат никој да влезе во нивниот имот. Гневни се поради започнувањето на градежните работи во делот на проширувањето на булеварот кој се наоѓа во непосредна близина на зградите, како и најавите кои ги добиле од одговорните лица во изведувањето на проектот каде што се предвидувало изградба на висок ѕид за кој според нив за реализација на овој проект му се одземало голем дел од паркинг просторот за што претходно станарите не биле информирани од надлежните институции.

Бараат да се запознаат со основниот проект за проширување и реконструкција на улицата „Босна и Херцеговина“.

Дополнително, бараат образложение од градоначалникот на општина Бутел и од Град Скопје да ги запознаат со настанатата ситуација за кои станарите велат дека нема да дозволат никакви градежни активности во просторот пред зградите.

Протестот планираат да го радикализираат се додека не ги добијат целосните информации за предвидените градежни работи. Тврдат дека со ваквата постапка на надлежните инстутуции го ставаат под ризик животот на нивните деца./24Вести

Слични содржини