Срамно е решението на Уставниот суд да се поведе постапка за преиспитување на уставноста на Законот за помилување. Ова е ставот на дел од поранешните уставни судии или пак професори по уставно право со кои разговараше Телма. Тие не гледаат ништо против уставно во законот донесен во 93 година а ниту пак во измените во 2009 година.

12776777_10208369780623852_1754989579_o-640x320

Во 2009 та година Собранието ги донесе измените на Законот за помилување додека тогашниот претседател Бранко Црвенковски ги потпиша. Со нив е забрането претседателот да помилува силувачи, педофили, дилери на дрога и учесници во изборни нерегуларности. Освен што се органичува кој може а кој не може да е помилуван во законот пишува.

Претседателот со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната.

Со ова според експертите е дозволена и аболиција на луѓе кои се уште не се ни осудени, а за нив е поведена постапка. Токму ова, велат е спорно во законот и може да се преиспитува неговата уставност.

Инаку до сега двајца претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски дадоа помилувања за луѓе против кои се уште немаше пресуда. Во 2003 та Трајковски ја помилува тогашната министерката за внатрешни работи Доста Димовска во случајот за прислушувањето. Во 2008 Црвеновски за градоначалникот на Струмица Зоран Заев за случајот со Глобал. Црвенковски помилувал луѓе од прилеп осудени поради тоа што полнеле гласачки кутии, за што остро беше осудуван од ВМРО-ДПМНЕ. После сите овие случаи законот за помилување беше променет.

Ако Уставниот суд ги поништи измените на законот тогаш на Претседателот му дава одврзани раце да помилува и луѓе кои се гонат или се осудени за такви кривични дела. Неодамна токму власта цврсто се спротивстави да се донесе закон за амнестија, а клучен аргумент беше дека со тоа би се ослободат и педофили и силувачи за кои во 2012 година создаде специјален регистар на кои јавно ги објавува.

Наместо Помилување не може да се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето кривични дела против половата слобода и морал сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето и неовластено производство и пуштање во промет на дроги.

Ова во 2009 година власта одлучи да го додаде во законот за помилување донесен петнаесетина години порано. Власта во собранието ги изгласа измените, тогашниот претседател Бранко Црвеноковски ги потпиша.

Слични содржини