Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар

од desk3

И покрај тоа што зградите им се категоризирани како опасни, дел од жителите на Лондон не сакаат да бидат евакуирани.

Повеќе од 80 луѓе се спротивставуваат на евакуацијата и, и покрај опасноста од пожар, остануваат во своите домови во Лондон. Властите соопштија дека евакуацијата во квартот Камден е реализирана минатата ноќ, но дека дел од жителите не сакаат да ги напуштат становите. Стотици жители, кои го спакуваа само нејнеопходното, ноќта ја минаа на душеци во јавни објекти, хотели или кај пријатели.


Станарите можеа да го понесат само нејнеопходното

Инспекцијата спроведена во зградите во Камден покажа дека се неопходни „итни зафати заради сигурност од пожари“. Според најновите податоци, погодени се околу 650 станови.

По катастрофата во кулата Гренфел пред една и пол недела, инспекција се спроведува во многу висококатници во Велика Британија.

Кај зградите во Камден се покажа дека имаат фасада која е лесно запалива. Освен тоа, има и недостатоци на изолацијата на цевките за гас, како и на вратите за заштита при пожар. Работите на поправање на утврдените проблеми ќе траат три до четири недели.

Слични содржини