133131543

 

Граѓани попладнево во 18 часот се собраа и пред новоотворената зграда на Јавната администрација во Струмица, за како што рекоа, да го искажат своето незадоволство за последните политички случувања и одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов.

Платформата во која членуваат триесетина граѓански организации, бараат одложување на изборите, оставка на претседателот Иванов, враќање на демократијата и владеење на правото и целосно реализирање на договорот од Пржино.

– Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 јуни, ниту пак постои време до тој рок да се создадат неопходните услови, изјави Митко Гогов, граѓански активист.

Организаторите сметаат дека наместо повеќе демократија, владеење на правото и појасна поделба на власта, постои уназадување на овие процеси.

Тие дополнително ќе одлучат дали, како и до кога ќе продолжат со протести.

Слични содржини