Протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје

од Vladimir Zorba

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска во Скопје одржа протестен марш на кој побара отфрлање на тиранската платформа и одржување на предвремени парламентарни избори.

Маршот започна од пред Владата на Република Македонија, продолжи пред Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија и пред македонското Собрание, а заврши на улицата „Павел Шатев“ во близина на седиштето на СДСМ.

– Бараме предвремени парламентарни избори. Не ги сакаат бидејќи знаат што ќе се случи на избори. Знаат дека граѓаните на Република Македонија нема да гласаат за програма создадена во Тирана или било каде надвор од Македонија, рече Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива на денешниот 58. протест.

Тој најави дека ќе продолжат со протестите и ќе направат се што треба за да спречат уништување на суверена Република Македонија.

Според Дарко Мијалковски, постои само еден мирен начин граѓаните да заминат од улиците, а тоа е организирање на предвремени парламентарни избори.

– Повеќе од педесет дена баравме од политичарите кои ја создадоа оваа криза да излезат пред народот и да се откажат од тиранската платформа. Сите ние сакаме оваа криза што побрзо да заврши, затоа предлагаме фер и демократското решение, а тоа се предвремени парламентарни избори, рече Мијалковски.

Слични содржини