Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“

од desk2

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва по 25. пат одржа протестен марш во Скопје. Учеснициците се движеа од Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија, информира Алсат М.

Од иницијативата ги повторија своите барања за безусловно отфрлање на платформата од Тирана и зачувување на унитарноста на Македонија, како и дека се против двојазична и двонационална држава, и против промена на знамето, химната и државниот грб. Со аплауз го поздравија претседателот Ѓорге Иванов и неговите одлуки, застанувајќи пред неговата народна канцеларија.

– Му повторуваме и му порачуваме да не подлегнува под  никакви протисоци и тоа ќе го повторуваме се додека треба. Ѓорге Иванов не смее да престане да го брани суверенитетот на Република Македонија. Претседателе, ја имате нашата поддршка, продолжете така како што започнавте, како што цело време работите. Ви благодариме, истакна Богдан Илиевски, кој е еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Тој повтори дека не смее да се избере кој било претседател на Собранието кој, како што рече, нема да се откаже од „тиранската платформа“ и од нејзината суштина.

– Сонцето кое некои сакаат да го снема од нашето знаме ќе продолжи да свети подеднакво за сите и од тоа не отстапуваме. Не го даваме нашето знаме. Мораме, наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено, а не во поделена земја, рече Илиевски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини