Протести на движењето „За заедничка Македонија“

од Vladimir Zorba
Нема да дозволиме странци да ни ја водат државата – порачаа демонстрантите од иницијативата за „Заедничка Македонија“ на 52 протестен марш. Со транспаренти и знамиња, тие маршираа од Владата кон Собранието каде побараа политичарите да се откажат од т.н. тиранска платформа.
„Тој да ни кажува што да правиме, тој со неговиот болен соросоиден ум. Тој заборави дека во Македонија има луѓе кои не се предавници и си ја сакаат државата“ – изјави Зоран Бејковски.
Предвидувањата на организаторите за масовен марш денеска не се остварија. Поради неповолните временски услови, значително беше намален бројот на демонстранти, но организаторите, велат дека дождот не влијаел врз излезноста и порачаа дека нема да се поколебаат да протестираат ниту во следните денови се до исполнување на барањата.
„И на дожд и на сонце и на снег, тука сме на нашата патека и не си одиме, зошто нашата борба нема вредност и е за нашата татковина “, изјави Богдан Илиевски.
Освен во Скопје, протести денеска имаше и во уште неколку други градови низ земјава. За утре веќе е закажан нов марш, а за петок организаторите најавија дека ќе презентираат план за излез од кризата./

Слични содржини