Протести на работниците ангажирани за изградбата на автопатот Кичево – Охрид

од desk3

Поради задоцнети плати и придонеси, работници од автопатот Охрид – Кичево излегоа на улица, преку штрајк да ги бараат своите права и обврски кои матичната компанија Викторија Инвест ДОО од Елбасан повеќе од два месеци не ги подмирила. Велат немаат каде да се жалат, доцнат платите од кои секој месец работодавачот им крател од 50-100 евра без причина и најава.
„Не се почитуваат договорите за работа кои ги попишуваме месец за месец. Речиси редовно ни се крати од платата без никакво образложение зошто се орави тоа. Бараме , да се почитува законот, а за случајот ги известивме надлежните институции.“ – изјави работник.
Викторија Инвест е меѓу фирмите кои претходната влада ги ангажирала како подизведувачи за новиот автопат Охрид – Кичево.Иако на почетокот работата течела без проблем пред извесен период почнале да доцнат платите и по неколку месеци.
„Плата требаше да земеме до 15-ти, 16-ти јуни, но нема ништо. Наскоро ќе треба да ни се исплати и следната плата.Тоа е причината што веќе трет ден не работимеи најавуваме дека ќе остане така се додека не ни бидат исплатени примањата.“ – вели друг.
Од компанијата со претставништво во земјава денеска не одговараа на телефонските повици. Недостапни за одговор беа и од главното седиште во Елбасан. Вработените велат дека игнорантскиот однос кон нив трае неколку месеци, а телефонските броеви постојано се недостапни. Згора на се не знаат и дали воопшто ќе продолжни нивниот ангажман околу изградбата на автопатот со оглед на големите пропусти кои се направени,а работата е стопирана.
Но во меѓувреме министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, влева надеж дека за брзо време ќе се решат проблемите  кои го закочија автопатот, иако вели сериозноста на грешките е енормна.
Без оглед на исходот работниците прво си ги бараат платите. Од албанската Викторија Инвест ДОО во земјава плата им доцни на 144 вработени кои велат дека доколку не им се исплати заостанатото ќе продолжат со штрајкот и ќе го блокираат магистралниот пат Охрид – Кичево. /24Вести

Слични содржини