Протести во Австралија поради драконските мерки против илегалната имиграција

од desk4

   Илјадници луѓе протестираа во неколку градови во Австралија против драконските имиграциски мерки. 

Протестите се совпаднаа со петгодишнината од воведувањето на таквата политика. Во 2013 година Австралија потпиша Договор со тихоокеанските држави, вклучително Папуа Нова Гвинеја и Науру, за изградба на центри за задржување на нелегалните мигранти на нивна територија.

Австралиските власти во тие центри ги испраќаат приведените мигранти кои се обиделе по морски пат да стигнат до Австралија.

Демонстрантите во Сиднеј скандираа „Ослободете ги бегалците“.

Протести имаше и во Мелбурн, Аделаида, Брисбн, Канбера и Перт.

Драконската политика во голема мерка ги запре обидите на криумчарите да испраќаат мигранти во Австралија, додека организациите за заштита на човековите права ги критикуваат властите дека им свртеле грбот на ранливата категорија на луѓе.

Слични содржини