Протести во општина Ѓорче за прегазеното дете

од Vladimir Zorba

Граѓаните на општина Ѓорче Петров, Скопје и денеска се излезени на протест, откако синоќа беше прегазено десетгодишно дете додека се обидувало да  ја премине пешачката патека од страна на 46 годишен возач на автомобил Опел Астра. Тие бараат да се воведе светлосна сигнализација, поради брзото возење на улицата Борис Сарафов. Возачот според  информациите на МВР веднаш по немилиот настан го однел детето во Ургентен центар по што било префрлено на Клиниката за неврохирургија. Оттаму  информираа дека детето е во стабилна здравствена состојба, иако се здобило  со скшеници на черепот и тежок потрес на мозокот. Како што информираат од Клиниката, детето ќе подлежи на понатамошни опсервации.

Како што пишува 24 вести, улицата „Борис Сарафов“ во скопската населба Ѓорче Петров честопати ја нарекуваат улица на сообрајќајниот хаос. Жителите Ги обвинија  претходните и сегашните  власти што не нашле за сходно да го решат проблемот. Се заканија со радикализација на протестите и  бојкот на наставата во основното  училиште „Мирче Ацев“. По реакциите   сообраќајната полиција на терен алармираше и пишуваше казни. Само на оваа улица изминатиов период од 4 месеци биле регистрирани 237 казни.

Прегазеното дете во стабилна состојба, ѓорчепетровци и денес на протест

Слични содржини