Граѓанската иницијатива протестирам денеска ќе одржи протест кој ќе има фокус на неопходните реформи за фер и демократски избори. Протестот традиционално ќе започне во 18 часот пред канцалариите на Специјалното јавно обвинителство.

glavna-protest-860x680

„За граѓанство кое знае дека иднината на државата сепак зависи од нив, за власт која чувствува одговорност кон граѓаните, за демократизација на институциите, неопходни се фер и демократски избори. Сакаме избори на кои го даваме гласот слободно и достоинствено, без уцени и измислени гласачи! Сакаме избори на кои сечиј глас еднакво вреди!Сакаме избори на кои победуваат идеите, а не притисоците“, се вели во најавата за протестот.

Се одложи судењето на двајцата демонстранти

Протест ќе има и во Штип во 18 часот пред Основниот суд, во Велес во 18.30 часот на кружен тек Авона, во Тетово во 19 часот пред Основниот суд, во Битола во 19 часот на плоштад Магнолија, во Струмица во 19 часот пред старата полиција, во Радовиш во 19 часот на плоштад Свети Спасо Радовишки и во Гевгелија во 19.30 часот пред Пензионерскиот дом.

Во Крива Паланка во 13 часот и во Облешево во 19 часот активистите на „Протестирам“ ќе постават блокади на патиштата.

 

META

Слични содржини