Граѓанското движење „Протестирам“ денеска порача дека не прифаќа половично повлекување на аболицијата и оти ќе продолжат да протестираат на улиците.

slika-protest-protestiram1

„Не запираме! Парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаме! Половична правда е неправда! Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за криминал да бидат изведени пред суд“, стои во реакцијата на „Протестирам“ објавена на „Фејсбук“.

Од таму порачаа дека нема да дозволат никој, вклучувајќи го и Иванов, да си поигрува со правдата.

„Претседателот си поигрува со нас, но уште повеќе се поигрува со правдата. #Протестирам за да не го дозволам ова поигрување! #Протестирам затоа што додека Иванов суди кого да аболицира, а кого не, на нашите соборци им се продолжи притворот. Таква „правда“ не е правда! Селективна правда е неправда!“, стои во реакцијата.

Иванов попладнево соопшти дека ја поништува аболицијата на 22 „политички експонирани лица“, додека останатите аболирани ќе треба индивидуално да поднесат барање за поништување на неговата одлука.

 

МЕТА

Слични содржини