Револуцијата  на граѓаните и #Протестираме не запира, напротив цела Македонија се дига на нозе . На вчерашните протести ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА  со стотици чарени балони го обои и небото над Скопје . На постамент е поставен нов споменик за Груевски и братјата – пералница за пари !балони

Синоќа  се протестираше низ Скопје, Струмица, Велес, Охрид, Ресен, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Штип, Кочани, К. Паланка, Облешево, Делчево, Гостивар, Тетово и Куманово. Протестите беа посветени на борбата против корупцијата.

Chych0pXEAAB0tk
-Крупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше – беше најавата за денешниот протест.

ChyrVoJU4AI1vyh
Во паркот на жената борец во скопје пставе беше споменик на власта – Машина за перење пари. симболично во духот на Шарената револуција и борбата за слобода и демократија, пуштени беа стотици шарени балони потоа протестот продолжи пред  зградата на  ДКСК која беше украсена во боите на Шарената ревоуција.

Погледнете го хронолошки протестите во МАкедонија:

 

(18:54  Почеток на протестот пред СЈО. Демонстрантите со шарени балони 

Денешниот протест е посветен на борбата против корупцијата.

ChyaooSUoAA4d8ZChya6MdW0AAygXiChya-RwW0AAopbcChybUJsWsAEctkMChyZtCLXIAER4FL

-Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели. Како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници. Како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денес ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност.

Или со зборовите на поранешниот претседател на ДКСК: Ајде да ја искорениме корупцијата за век и векови амин – стои во образложението на денешниот протест. Секој момент има се повеќе граѓани пред зградата на Специјалното авно обвинителтво. Во духот на Шарената револуција, носат стотици шарени балони.

ChybyK6XAAAA6Uy

Chych0pXEAAB0tkChycBepXIAAWLAQChyb1KQXIAADoJzChyb_vSXIAAmJ40


19:10  Илјадници демонстранти со шарени балони тргнаа кон Собранието 

Досега најшарената поворка се движи кон Собранието.

ChyecI6WkAA111F


19:22 Темата корупција носи и  Машина за перење пари пред Собрание 

-Переме пари 24/7. Влада на Република Македонија – стои на машината.

ChyhinxVAAAWeof


 

 

„Бомбата“ за провизијата од кинезите ечи пред Собрание

Пред Собрание се слушаат “бомби” поврзани со корупција #протестирам #п #шаренареволуција pic.twitter.com/k1zh18m63i

— META.mk (@meta_agency) May 6, 2016


 Шарена револуција по четврт пат во Штип 

Штипјани денешниот протест го започнаа пред седиштето на Основниот и Апелациониот Суд, а го продолжија со марш низ центaрот на градот.
Штипјани го изразија своето незадоволство од самоволието и криминалите на централната и локалната власт.
Пред граѓаните се обрати активистот Горан Трајков, кој укажа на скапите и лоши проекти на локалната самоуправа, но и на потребата од исполнување на основните услови за одржување фер и демократски избори.

13151623_10208540172797767_3909742648093139755_n

 

13151898_10208540175557836_7897554840843274057_n

13174211_10208540175597837_7788879947939886792_n

13166126_10208540177757891_2295327574917999211_n


Ресен и денеска на протести (18:46)

Ресенчани излегоа во центарот на градот уште еднаш да го покажат својот револт.

ChyXUiQUkAAFOCYChyWPdcWsAAI8vdChyRvDdU4AAZofl


 

 

19:45  Скопје  Шарените балони со ликовите на аболираните пуштени во воздух 

Аболираните “пуштени во воздух“

ChykqrHW0AEgW2w
Chyk1rPXIAEY8Fr


 

ФОТО: И велешани протестираа

И велешани излегоа на улиците да протестираат револтирани од корупцијата и криминалот на власта.

veles


 

 Свечено  поставување на споменик „Перланица на пари“ во Паркот на жената борец (

Погледнете го поставувањето на споменик „Пералница на пари“ во Паркот на жената борец на денешниот протест од Шарената револуција.

ChyrVoJU4AI1vyh


 

 20:26 Се бои и Антикорупциска во боите на Шарената револуција (

Демонстрантите, денешниот протест против корупцијата, го продолќија пред Антикорупциска која ја обоија во боите на Шарената револуција.

ChyuOiFWwAA8rfYChytSovWsAED2FL


 

  20:46 Шарената револуција се упатува кон Влада 

Откако Антикорупциска беше обоена во боите на Шарената револуција, традиционално демонстрантите и денешниот протесто го завршија пред зградата на Владата. 

Chy3-_eUUAEiCyQ


ФОТО: Повторно протест и во Битола (22:02)

Битолчани и денеска излегоа на протести да истакнат дека нема да се повлечат  додека не бидат исполнети барањата на граѓаните за повлекување на аболицијата и одложување на изборите.
На денешниот протест против корупцијата, битолани отидоа пред канцаријата на градоначалникот Талески да побараат негова оставка,
битола 1


 

ФОТО: Протест и во Куманово (22:08)

Кумановчани и денеска излегоа на улиците во центарот на градот да побараат повлекување на одлуката за аболиција, одложување на изборите и оставка на претседателот Иванов

13174064_1726172940999316_4881438830172012301_n (1)


ГАЛЕРИЈА: Прилеп на протести – Сѐ додека криминалците се на слобода, граѓаните ќе бидат на улица

Со стиховите од „Ода за царот“ од Југослав Петровски кои ги рецитираше актерот Милан Секулоски, во Прилеп започна 11-тата по ред „Шарена револуција“.

DSCN5204

И оваа вечер граѓаните на Прилеп го кренаа гласот против аболицијата на Ѓорге Иванов, но и против криминалот на владејачката гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

DSCN5215

После вообичаениот марш до споменикот „Карпалак“, крајната дестинација на протестантите повторно беше зградата на локалната самоуправа. Оттаму, во името на граѓаните и граѓанското здружение „Протестирам“, на полицајците кои ја обезбедуваа општинската Филип Попоски им го честита 7.Мај, Денот на полицијата и безбедноста.

DSCN5204

Истовремено, Попоски рече дека сѐ додека криминалците се на слобода, граѓаните ќе бидат на улица, дека бојата од спомениците и зградите може да се избрише, но не и крвта од рацете на убијците.

Слични содржини