Единаесеттиот ден на протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“ поради одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 политичари од судски процеси ќе започне во 18 часот пред СЈО, а ќе продолжи пред Уставен суд.

13046271_10207663258892718_363018839_n-860x680

„Протестираме и денес, гласно против режимот, здружено во целата наша шареноликост! Ако врне, понесете чадор и дојдете со нас! Во 18 часот се собираме на старо место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа преку мостот Гоце Делчев маршираме до еден од симболите на неправда и корумпираност, Неуставниот суд“, се вели во најавата за протестот.

За Чавков си или за Оливер?-двовластие во МВР,полицајците збунети и поделени

Вчера демонстрантите ја обоија новата зграда на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Агенцијата за млади и спорт. Тие извикувајќи „Ова беше парк“ и „Боја“ фрлија неколку дестици топки со боја кон објектот, за да го обојат во боите на, како што велат демонстрантите, „Шарената револуција“, што симболично означува дека „Македонија се бои со слобода и со демократија“.

 

META

Слични содржини