Земјоделските протести во грчката престолнина продолжуваат. Се зголемува бројот на земјоделците кои пристигнуваат во Атина за денешните демонстрации. Во моментов нема тензии во грчката престолнина.
Две демонстрации ќе се одржат денес, целта е нацрт законот за зголемување на осигурувањата да биде повлечен. Земјоделците од цела Грција, кои вчера го одржаа својот прв ден на протести, ја поминаа ноќта во шатори пред парламентот. Сега продолжуваат повторно со поддршка од синдикатите.
Од Крит пристигнаа уште два фериботи со земјоделци. Импозантна е групата и на демонстрантите од блокадата на Промахон.
“Во последните пет години само живееме на границата на сиромаштијата. Законот, кој се обидува да го протурка владата, ќе има само еден резултат – целосно уништување на земјоделството. Нема да си заминеме од протестите, бидејќи немаме друг пат. Не уништија “, изјави земјоделец од област Евија, кој одгледува грозје и памук повеќе од 30 години.
Во знак на добра волја повеќето од блокадите на патиштата во земјата се отворени, но нема информации до кога ќе трае тоа.
Вторите протести ќе се одржат вечерва, повторно пред парламентот.