Протестите го најавија крајот на периодот на страв, крај на македонските „волнени времиња“ кои суштински ја осипаа македонската популација и енергија.

Katica Kulafkova

Протестите го разбудија слободарскиот дух задреман во заблудата дека независна Македонија сама по себе ќе биде и демократска! Граѓаните сфатија дека демократијата се освојува секој ден, како и слободата. Не постои еднаш засекогаш освоена слобода и демократија! Граѓаните се соочија со демонот на диктатурата и одлучија да му се спротивстават. Симболично, ненасилно, без отстапка, храбро и достоинствено!

Протестите го најавија крајот на периодот на страв, крај на македонските „волнени времиња“ кои суштински ја осипаа македонската популација и енергија

Конечно на политичката и на културната сцена на Македонија започна време на виши интереси и идеали! И време на жртви, ако е неопходно. Протестите се отпор против политиката која не е способна да ги реши егзистенцијалните проблеми на граѓаните, ниту да ги затвори отворените прашања на државата! Десет години нашата стварност станува сè полоша и полоша! Десет години слушање на истата безумна лекција на ВМРО и ДУИ која не смее да се повтори! Поуката од таа лекција е дека кога нема правда, последиците се непоправливи: сиромаштија, невработеност, медиумски мрак, несреќни луѓе, масовни преселби, опустошени градови и села, хаос во образованието.

Протестите се отпор против економските, развојните и културните политики кои произведуваат интеретнички тензии, кои се темелат на говор на омраза, кои ја разединуваат македонската нација и се против македонските национални интереси. Таквите политики систематски ги злоупотребија историјата, идентитетот, културата, науката, образованието, здравството, безбедноста, медиумите, затоа мора да бидат осудени и фрлени на буништето на историјата.

Протестите станаа шарени и револуционерни, затоа што се израз на револтот на граѓаните против политиките и инвестициите кои го претворија Скопје во перверзен музеј, во главен град на кичот! Тие се против ревизијата на подалечната, но и на поблиската културна историја на Македонците!

И навистина, екипата на Груевски ја претвори антиката во подбишега и во камен за спрепнување! Ја испоганија „библиска“ Македонија со својот божемен барок! Тие и понатаму, небаре ништо не се случило, мамат т.е. спинуваат 24 часа на ден, на сите клонирани и политички коректни медиуми. Тие се жив пример за тоа како „Пропагандата е моќ“! Тие се пример за тоа како се владее против народот и демократијата, сè во име на народот и на демократијата!

Имплицитната порака на овие шарени протести е: „Има злостор – има казна“ Нема бегање од казната, не постои такво место во светот! Прангите на злото тропаат каде и да оди злосторникот!

Колумната на Катица Ќулавкова во целост прочитајте ја тука

Слични содржини