Протоѓер не се појави во Апелација, го прекинал лекувањето во Будимпешта за да го достави пасошот

од desk2

Мартин Протоѓер не се појави на денешната јавна седница во Апелациониот суд. Адвокатот Тасевски го извести судот дека Протоѓер во моментот на подигнување на обвинението бил на лекување во Будимпешта.

Како што вели Тасевски, Протоѓер требал да остане во воената болница во Будимпешта до јули, но тој го прекинал лекувањето за да ја достави патната исправа до судот. Протоѓер моментално бил на боледување во Македонија.

Одбраната приложи до судот и два специјалистички извештаи./а1он

Слични содржини