Поради технички зафати во електро – системот без електрична енергија утре ќе останат повеќе општини во Скопје, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

images (5)

Во периодот од 8:30 до 14:30 часот корисниците од село Батинци и дел од село Љубош во општина општина Студеничани, од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улиците Јордан Филиповски, Трпе Петровски и Жил Верн во општина Кисела Вода и од 11:00 до 13:00 часот корисниците од Булеварот Партизански Одреди броеви 60, 62, 64 и 66, дел од корисниците во ТЦ Лептокарија и Министерството за економија во ТЦ Технодром во општина Карпош.

Во периодот од 9:30 до 15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Гвадалахара и Метохиска во општина Шуто Оризари, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од Стара Чаршија и Дуќанџик во општина Чаир, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од дел од булеварот Илинден (околу средното училиште Орце Николов), улицата Мирка Гинова и дел од улицата Никола Тесла во општина Карпош.

Без струја утре од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата Браќа Грим, дел од улицата Анреа Димишков, улицата Кумановска и улицата Лазар Димитров во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот корисниците од делот на улиците Коле Неделковски и Антоние Грубишиќ во општина центар од 8:15 до 10:30 часот корисниците од улиците Коце Металец и Гемиџиска во општина Гази Баба, од 10:00 до 15:00 часот корисниците од улицата Јуриј Гагарин броевите 37, 39 и 41 во општина Карпош  и од 11:30 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците Божин Николов, Василие Ѓуровиќ, Лисец и Горноврановска во општина Аеродром.

Слични содржини