Три лица загинаа, а најмалку 20 лица беа повредени, откако автомобил се удри во минувачите на прометна пешачка зона во централниот регион на австралискиот град Мелбурн, пренесоа агенциите, повикувајќи се на полицијата. Властите велат дека има уапсен за настанот
.

Се се случило на отворената само за пешаци улицата “Бурк стрит”. Сеуште се утврдуваат околностите околу инцидентот.

Според очевидци возачот намерно се впуштил да гази во толпата. Од полицијата сепак се категорични дека не станува збор за терористички акт.
Според сведоците, цитирани од локалниот телевизиски канал “Најн њуз Мелбурн”, при неговото притворање возачот на автомобилот  отворил оган врз полицајците. Медиумите известуваат за најмалку еден пистрел на местото.

Локално.мк потсетува дека пред Божиќ камион се удри во мноштво луѓе на божиќен базар во германската престолнина Берлин. При терористичкиот акт загинаа 12 лица, а десетици луѓе беа повредени. Властите трагаа по терористот Тунижанец со денови. Тој беше убиен во престрелка со полицијата во италијанскиот град Милано. Месеци порано во напад во францускиот град Ница камион се удри во мноштво луѓе на прометна улица на националниот празник на Франција – 14 јули. Загинаа приближно 90 лица, десетици беа повредени. Атентаторот загина во нападот. И за двата терористички чина одговорностаја  презеде групата Исламска држава.