107
Група од 292 Сиријци денеска се врати во родниот град Џараблус. Тоа е прво официјално враќање на сириски цивили од Турција во татковината од почетокот на турската операција во северна Сирија.
Џараблус е првиот град кој беше ослободен од турската армија и нејзините сојузници, меѓи кои и сириските бунтовници, во офанзивата што почна на 24 август. Градот беше под контрола на Исламска држава.
Турција досега има примено три милиони сириски бегалци./МИА